Старт-ап од САД сака да лансира луксузен хотел во вселената

49

Фото: Pexels

Стартапот Orion Span сака да лансира луксузен хотел во вселената до 2021 година, за да започне да прима гости во 2022 година, пренесува Engadget.

Престој во вселенскиот хотел наречен Aurora Station ќе чини 9,5 милиони долари по лице за 12 дена. Таа цена е сеопфатна и вклучува тримесечна обука и превоз до и од вселенската станица во ниската орбита на Земјата.

Хотелот ќе има само четири гости истовремено, заедно со двајца членови на екипажот. Заинтересираните можат да резервираат билет уште сега, а цената за тоа е 80.000 долари.

Со цел оваа идеја да стане реалност Orion Span планира партнерство со приватни компании за транспорт.

Планот е во развој и сè уште не се знае кога Aurora Station ќе биде отворен за посети.