Стартап од регионот на списокот на 200 извонредни иновации на списанието Тајм кои ги менуваат животите

73

Магазинот Time ја објави својата годишна листа на најдобри пронајдоци, која за 2022 година содржи 200 извонредни иновации кои менуваат животи, а оваа година на листата се најде и производ на хрватски стартап Bellabeat.

Тоа е здравствен уред дизајниран специјално за жени наречен Bellabeat Ivy.

„Уредот во облик на дијамант, кој нема екран, ги следи менструалните циклуси, симптомите на плодноста и менопаузата, како и отчукувањата на срцето, хидратацијата, спиењето и други активности. И алгоритмите на придружната апликација ги земаат предвид факторите од животниот стадиум, како што се бременоста и менопаузата, при обработката на здравствените податоци. Ова му помага на „тренерот на Bellabeat“ да дава персонализирани препораки за да им помогне на корисниците да се движат кон цели како што се губење на тежината или зголемување на телесната тежина“, се вели во написот на списанието Time за производот.

За да ја состави оваа листа, Time побара номинации од нивните уредници и дописници ширум светот, обрнувајќи особено внимание на растечките области – како што се индустријата за електрични возила, зелената енергија и вештачката интелигенција. Потоа, Time го оценуваше секој кандидат врз основа на голем број клучни фактори, вклучувајќи ја оригиналноста, ефективноста, амбицијата и влијанието.

Ко-основачи на стратапот Bellabeat се Урска Сршен и Сандро Мур, а во оваа прилика рекоа дека ова е голем успех, но и пресвртница за нив, наведувајќи дека секојдневно во оваа компанија работат на револуција во FemTech. индустријата.

Bellabeat постои од 2014 година и има седиште во Сан Франциско (САД) и канцеларии во Хрватска, Велика Британија и Азија. Досега продадоа неколку милиони свои различни уреди, чии иновативни функции и примена, како и естетската привлечност на тие нараквици и ѓердани, добија лидерски статус во пазарната ниша на т.н. велнес технологии за жени.

Нејзината платформа има осум милиони корисници од целиот свет, а компанијата вработува околу стотина луѓе. Приходите на компанијата растат за 20% на месечно ниво.