Startup Festival: Startups from dusk till dawn на 4 септември во Охрид

start up

На охридската плажа Лагадин 10, на 4 септември ќе се одржи еднодневен настан Start up Festival, под мотото Startups from dusk till dawn.

Присутните ќе имаат можност да се запознаат и да се дружат со старт-ап заедница, да учестувуваат во интересни предизвици и игри и да научат како стартапите се забавуваат. А, за најиновативните ќе има награда лет со параглајдер… бидејки впуштањето во старт-ап светот подразбира адреналин и храброст како и за првиот лет.

Програмата комбинира едукативен ден, старт- ап предизвик и вмрежување. Прв говорник ќе биде Петар Ниновски, основач на WeLrn.com. Пред една година Петар имаше само идеја за старт-ап кој ќе понуди иновативнa платформа за учење вештини преку куси и ефективни курсеви. Денес Петар има #winning тим, затворено инвестиција и база на корисници на WeLrn.com кои чекаат да се пушти првиот курс. Петар на настанот ќе говори за тоа како даде отказ и започна, како изгради тим, како пристапи и доби финансии од CEED бизнис ангелите, за грешките што ги направи…

Втор говорник е Иван Петрушевски, основач на МКХост. Иван го основаше МКХост кога имаше само 18 години со парите што ги земаше од стипендија. Денес веќе 10 години води успешен бизнис, кој го разби монополот на мк домеини и неодамна изврши аквизиција на eХост. Иван ќе зборува за почетоците, за тоа како е да се биде ‘армија од еден човек’ во старт-ап, како ја затвори првата продажба и ги задржа лојални клиентите, како растеше по број на вработени и по клиенти и стигна да аквизира и друга компанија…

Настанот започнува во 20 часот и ќе трае до раните утрински часови, збогатен со забава, убава музика и прекрасно друштво во стартапски стил.

7 факти што треба да ги знаете за Summer Startup Festival:

• се случува на плажа, Лагадин 10ка

• трае од зајдисонце (20.00h) до изгрејсонце…

• ќе здружи 50-тина претприемачи, стартапи, инвеститори

• има стартап предизвик на кој може да добиете награди: ваучер за попуст во Coffice, co-working просторот во центарот на Скопје и бесплатен параглајдинг лет со Вертиго, дечките кои држеа тимбилдинг за Google (сериозно)

• носи гости од StartQube,

• до сега е поддржан од G6МунусGirls in Tech Macedonia, Jägermeister…

Картите за настанот веќе се во продажба по цена од:

Регуларна карта: 375 MKD (6 Euro)

Пакет од 3 карти: 800 MKD (13 Euro)

Пакет од 5 карти: 1.200 MKD (20 Euro)

Во цената е вклучен 20% попуст на сите пијалоци за време на настанот. Картите можат да се купат преку Eventbrite страницата на настанот.

Организатори на настанот се Стартап Викенд Скопје, Startup Grind Skopje, Силикон Дринкабоут и co-working просторот Coffice. Поддржувачи на настанот се: WeLrn, Vertigo, G6, StartQube, Jägermeister, Munus и Girls in Tech Macedonia, Coffice, Red Bull, а повеќе информации и детали во врска со настанот можете да добиете на веб страницата: http://www.startupfestival.foundedin.mk/

Следете нè и на Facebook: Summer Startup Festival и дознајте за уште изненадувања кои следат!