Startup Grind со Нина од Grouper – како се гради бизнис и бренд од нула?

46

nina

Нина Ангеловска, ко-основач на Grouper, ќе биде говорник на следниот Startup Grind што ќе се случува на 24 март, четврток, од 17.30 до 20.30 во просториите на Seavus инкубатор.

Нина ќе зборува за тоа како се гради бизнис и бренд од нула со пари од студентски натпревар, како да освоите 40% од еден пазар, како и основачот да расте со бизнисот, да почне да делегира и да се откаже од целосна контрола, како да се справите со агресивна конкуренција и да ја направите нерелевантна, како се гради култура на бизнис што постојано иновира, како да вработите продуктивни луѓе кои имаат фит со културата, што сè се мери и како да носите одлуки базирани на метрики?

Нина го започна Grouper во 2011 година, собирајќи храброст да ја размрда е-трговијата во време кога помалку од 1% од плаќањето беше онлајн со картички. Денес, по пет години, Grouper е единствениот сервис за групно купување кој не само што опстана на пазарот, туку стана лидер и синоним за е-трговија во земјата. Секоја година има по 20.000 нови корисници, по 300 нови соработници и по 4.000 нови зделки, достигнувајќи скоро 400.000 продажби во 2015 година.