Стартува пријавувањето за RoboMac 2016

22

robomac_promo

Студентскиот огранок на македонска секција на ИЕЕЕ (Институт на инженери по електротехника и електроника – The Institute for Еlectrical and Еlectronics Еnginеers) и Студентскиот Парламент при Факултетот за електротехника и информациски технологии (СПФЕИТ) ги повикуваат сите студенти и средношколци од 4-та година да се пријават за учество на овогодинешниот RoboMac 2016 година.

Аплицирањето за RoboMac 2016 година е на следниот линк: http://robomac.com.mk/2016/ и сите кои сакаат да учествуваат, може да се пријават од 01 до 10 февруари 2016 година.

RoboMac 2016 ќе се одржи од 07 до 13 март 2016 година во просториите на ФЕИТ. Главни покровитeли се Факултетот за електротехника и информациски технологии и Македонската секција на IEEE. Финалниот натпревар ќе се случи на 12 март 2016 година во 18 часот во Домот на АРМ.

Организатори на RoboMac 2016 се Студентскиот огранок на македонската секција на IEEE и Студентскиот парламент при ФЕИТ. Средношколците и бруцошите може да учествуваат само во базичните категории, а другите студенти, во зависност од сопствените познавања, избираат дали ќе учествуваат во basic (основните) или advance (напредните) категории.

Учесниците ќе се натпреваруваат во веќе познатите категории Сумо, Трка, Хуманоид и Вештачка интелигенција, а од годинава се воведуваат и две нови категории: Генерирање траекторија на топка – робот (Sphero) и Симулација на квадкоптер.

На настанот се предвидени 80 учесници, од кои 30-тина се од други универзитети од Балканот. Исто така, учесниците ќе слушаат предавања за роботика и вештачка интелигенција од експерти и предавачи од Македонија и од странство.