Стартува проект за безбедноста на храната

22

hrana_500-300x242 (1)Агенцијата за храна во соработка со Организацијата на потрошувачи на Македонија почнува реализација на проект Безбедноста на храната е обврска на сите заинтересирани страни во системот за безбедност на храната.

Проектот ќе започне во Тетово и Гостивар, а истиот е дел од Програмата на Владата на Република Македонија за заштита на потрошувачите.

Преку информативни и едукативни летоци потрошувачите ќе бидат информирани за општите и посебните означувања на храната, означување на адитивите, читање на означувањето на прехранбените производи, означување на ГМО храната, означување на алергени состојки во храната, како и истакнување на нутритивните и здравствените тврдења.

Во Гостивар ќе се одржи и трибина на која потрошувачите и операторите со храна ќе се информираат за состојбата со примена на ХАЦЦП системот во производсвото и прометот со храна, улогата на Агенцијата за храна и ветеринарство во синџирот на безбедноста на храната, одговорноста на операторите со храна, вршењето на инспекциски надзор над храната од домашно производство и од увоз, а подетално ќе се информираат и за општите и посебните барања за означување на храната.

На настанот ќе присуствуваат претставници од Агенција за храна и ветеринарство, инспекцијата за храна, официјалните ветеринари, лабораториите со седиште во локалната самоуправа, операторите со храна, како и  претставници на локалната самоуправа, Организацијата на потрошувачите на Македонија, образовни институции и здруженија на граѓани.