Стартува Проектот за Интегрално управување со природното и културно наследство на регионот на Охридското Езеро

49

Проектот за Интегрално управување со природното и културното наследство на регионот на Охридското Езеро, финансиран од ЕУ и УНЕСКО, денеска и утре започнува да се имплементира во Поградец, Албанија.

Проектот е дизајниран да ги посочи главните критични точки околу заштитата на природното и културното наследство во регионот. Исто така цел е да ја зајакне прекуграничната соработка во овој дел, да ги зајкне капацитeтите за заедничко управување и да поддржи интегрирано управување и прекугранична секторска соработка. Финално, целта на проектот е ставање на албанската страна на езерото под заштита на УНЕСКО.

Проектот е планирано да трае 36 месеци, да чини 1,7 милиони евра и да се спроведе под координација на ЕУ/УНЕСКО, а преку Министерствата за животна средина и за култура на Македонија и Албанија, пишува Макфакс.