Стартуваше наградната игра Фискална во рака – награда без мака

22

Fiskalna_smetka-Почна наградната игра Фискална во рака – награда без мака, која ќе трае до крајот на 2014 година. Целта на играта е да се подигне степенот на фискализација и плаќањето данок од сите субјекти во државата.

За да учествуваат, граѓаните треба да соберат 20 фискални сметки, без оглед на износот и да ги испратат на адресата на Државна лотарија.

Во игра ќе бидат и сметките со датум од 15-ти ноември па натаму, кога јавно беше објавена наградната игра.

Наместо предвидените еден стан и два дуќани, Владата најави доделување на три стана и три дуќани. На секое извлекување ќе се доделува автомобил и вредносни ваучери за бела техника и прехранбени производи.

По еден стан и еден дуќан ќе се доделуваат на 30 декември 2013 година, вторите на 30 јуни 2014 година и последниот стан и дуќан на 30 декември 2014 година. Извлекувањата ќе бидат во живо на Македонската радиотелевизија од 20 часот.

Според првичните пресметки, вкупниот фонд за сите награди ќе изнесува од 350.000 до 400.000 евра. Парите за фондот ќе се обезбедат од државниот буџет.