Статистика: 25.104 денари е просечната нето плата во јули

24

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во јули 2019 година, изнесува 25.104 денари, додека во бруто износ е 37 268 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, е зголемена за 4,3%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (10,6%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9,8%) и Транспорт и складирање (7,4%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (2,1%), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (1,9%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (1,9%).

Фото: Pixabay