Статистика: 3% раст на БДП во третото тримесечје

17

Фото: Pixabay

Стапката на раст на бруто домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2018 година е 3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во третото тримесечје од 2018 година, најголем пораст е забележан во секторите: Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 17%; Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 9,4%; и Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 7,7%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2018 година, номинално расте за 5%, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 62,5%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 16,4%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 12,6%.