Статистика: Невработеност од 17,8% во првиот квартал

46

Фото: Pixabay

Стапката на невработеност во првиот квартал од оваа година достигна 17,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во овој период, активното население во земјава изнесува 960.743 лица, од кои 789.414 се вработени, а 171.329 се невработени.

Стапката на активност во овој период е 57,1, а стапката на вработеност е 46,9.