Ставрески: Нови 5 компании ќе инвестираат во Македонија

82

zoran-stavrevski-ministerМакедонскиот вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески во изјава за МТВ најави пет нови странски инвестиции во земјава.

“Со пет компании сме во финална фаза, односно пред потпишување на договор за инвестирање. Станува збор за две турски инвестиции, една американска, неколку од регионот”, изјави вчера Ставрески во интервју за јавниот сервис.

Ставревски откри дека двете турски компании се од медицинската област и ќе инвестираат во свои погони во Бунарџик, додека американската компанија како локација за инвестирање го избрала Кочани.

Освен Бунарџик, потенцијални инвеститори има и за другите технолошко индустриски зони низ Македонија. Вицепремиерот најави дека Охрид, Струга, Тетово и Кичево се градовите каде во наредниот период ќе има инвестиции од странство. Тоа според него е добра вест, бидејќи носи нови вработувања и подобар стандард за граѓаните.

За првите пет месеци од годината салдото на странски директни нвестиции, според податоците на Народната банка изнесува 105,4 милиони евра.