Стелантис им понуди на отпуштените работници попуст за ново Maserati

Aвтомобилски гигант „Стелантис“ на своите работници им понуди посебни услови за купување на автомобил „Масерати“, истакнувајќи дека понудата е отворена и за нивните пријатели и роднини.
Но, овој потег веднаш предизвика контроверзии, а некои политичари рекоа дека тоа е навреда за отпуштените работници од оваа компанија, пренесува АНСА.

„Понудата на Stellantis до работниците кои беа отпуштени да купат „Maserati“ по багателни цени не само што е навреда, туку покажува дека тоа е компанија во урнатина и дека Maserati е сиромашна земја“, рече поранешниот министер за индустрија Карло Календа, лидер на опозициската партија Ационе.

Претставникот на Зелено-левичарската алијанса Марко Грималди рече дека премиерот Џорџa Мелони мора да ги покани претседателот на компанијата Џон Елкан и извршниот директор Карлос Таварес на разговор.

Тој потсети дека вработените во линијата „Масерати“ во фабриката „Мирафиори“ биле отпуштени во првиот квартал од годинава, а потоа потпишале договор за солидарност со намалување на работното време за 80 проценти до крајот на годината.