Stellantis и Toyota го прошируваат своето партнерство со нов LCV

47

Stellantis и Toyota го прошируваат своето постоечко партнерство со лансирање на ново големо комерцијално возило кое исто така ќе има EV варијанта во 2024 година

Stellantis и Toyota веќе имаат постоечко партнерство каде фокусот е ставен на лесните комерцијални возила наменети за европските пазари. Двете компании сега најавуваат проширување на ова партнерство кое дополнително ќе порасне со вклучувањето на сосема новото големо комерцијално возило, кое ќе биде третата каросериска изведба која доаѓа од двата меѓународни производители на автомобили. Она што е уште поважно и поинтересно, ова возило ќе добие и целосно електрична верзија.

Околу техничките спецификации на новиот LCV засега нема премногу информации, но уште одсега е официјално дека ќе биде развиен од Stellantis и ќе биде испорачан на Toyota за продажба во Европа. Новото возило ќе се произведува на две различни локации на Stellantis на Стариот континент, а тоа се неговите погони во Гливице, Полска и Атеса, Италија.

Кога ќе се појави на пазарот во 2024 година, ќе стане првиот модел на Toyota во сегментот на големи комерцијални возила во нејзината историја. Иако во моментов ништо не може да се потврди, новиот модел најверојатно е наследник на денешното Ducato, кое ќе добие варијанта со нулта емисија на штетни гасови.

„Со овој трет успешен ангажман, Stellantis дополнително ја демонстрира својата експертиза во сегментот на комерцијални возила и во развојот на технологија за електрична енергија на батерии, изградена за поддршка на цела палета на потреби. Овој договор го зајакнува нашето лидерство во ЕУ30 за LCV и возила со ниска емисија и нè придвижува чекор поблиску до реализацијата на нашата цел Dare Forward 2030 да станеме неприкосновен глобален лидер на лесни комерцијални возила, во смисла на технологија, производство, удел на пазарот и профитабилност…“.

Успешно продолжување на соработката

Stellantis и Toyota соработуваат на лесни комерцијални возила од 2012 година. Во основа, Toyota го ангажира производителот за да добива верзии на постоечките LCV кои се во продажба од различни марки на Stellantis и ги продава на европските клиенти со значка на Toyota.

Сегментот LCV во Европа претставува значителен дел од вкупната продажба на нови автомобили на континентот. И покрај огромниот пад во првиот квартал од 2022 година (-18,1 отсто), регистрациите на нови комерцијални возила во ЕУ изнесуваа вкупно 411.097 единици. Оваа бројка е според податоците обезбедени од Европската асоцијација на производители на автомобили, која ги обединува 16-те главни европски производители на автомобили, камиони, комбиња и автобуси.

Преземено од Avtoplus.mk