Стинг: Ни претстои вистинска битка за одбрана на човечкиот капитал од вештачката интелигенција

94

Британскиот музичар Стинг предупреди дека неговите колеги денеска мора да ја бранат својата работа од сè почестите песни создадени од вештачката интелигенција и повика на претпазливост во однос на таквата технологија, пишува Би-би-си.

Основните градежни блокови на музиката ни припаѓаат нам, на луѓето, рече тој во интервју за Би-Би-Си.

Стинг смета дека во следните неколку години ќе има вистинска битка бидејќи човечкиот капитал ќе треба да се брани од вештачката интелигенција. Неговиот коментар дојде откако многубројните песни веќе користат вештачка интелигенција кои го „клонираат“ вокалот на познатите уметници.

Една таква песна беше накратко достапна на платформите за стриминг на музика пред да биде повлечена по жалба за авторски права од Universal Music Group,издавачка куќа која исто така ја објавува музиката на Стинг.

Технологијата на вештачка интелигенција беше искористена во песната објавена минатиот месец наречена „Heart On My Sleeve“ во која вокалите на канадските пејачи Дрејк и  Д’ Викенд се имитирани во лажен дует.

Во февруари, диџејот Дејвид Гета ја искористи новата технологија за да го додаде „гласот“ на Еминем во едно од неговите шоуа во живо.

Не смееме да дозволиме машините само да преземат. Мора да бидеме внимателни, изјави Стинг.

Тој рече дека многу брзо му здосадува додека гледа компјутерски генерирана слика и претпоставува дека истото ќе се чувствува кога музиката ќе ја создаде вештачката интелигенција.

Можеби ќе успее во случајот со електронската денс музика, но кога станува збор за песни кои изразуваат емоции… Мислам дека такво нешто нема да ме трогне.

Фото: Facebook