Стипендии ЕКСПО, можност за Македонците да се школуваат во странство

21

dsc08429.1

Манифестацијата Стипендии ЕКСПО, која годинава се одржа по четврти пат, успешно го промовираше огромното значење што стипендиите го имаат за отворање и зголемување на пристапот до високото образование. Во организација на Образовниот информативен центар од Скопје, младите имаа можност да се запознаат со програмите што ги нудат познатите светски универзитети, како што се Politecnico di Milano, Universita Cattolica del Sacro Cuore, Аmerican College of Thessaloniki, HULT International Business School, Algonquin College… Еве што велат претставниците на некои од универзитетите учесници за можностите што ги нудат за студентите од Македонија.

Тарек Коутли,(менаџмент директор), Американски Колеџ од Солун, Грција

VLUU L100, M100 / Samsung L100, M100Ние сме колеџ кој нуди NAЅР акредитирани програми, истите акредитиции што ги нудат Хардвард, Јеил, МИТ, односно најдобрите американски акредитации што еден универзитет може да ги добие. Нашите програми се признати од Универзитетот Опен во Англија, што значи дека се признаени и во цела Велика Британија, ЕУ и САД. Програмите вклучуваат интернационални студии по односи со јавност, бизнис студии и компјутерски науки на англиски. Сите тие се четиригодишни програми, со кои на крајот се добива американска диплома што е светски признаена. Исто така, имаме и МБА програми, Мастер и Бизнис Администрација во Солун кои траат осум месеци.

Кај нас студенти од Македонија доаѓаат уште од 80-тите години, а како Универзитет постоиме 127 години. На саемот стипендии ЕСКПО сме четврта година по ред и можам да кажам дека македонските студенти се многу заинтересирани. Досега имаме повеќе од 700 студенти. Секако, таа бројка малку се намали во последните години поради кризата и конкуренцијата од приватните Универзитети во Македонија, финансиите, но и покрај се, студентите се уште се интересираат за Американскиот Колеџ од Солун.

Годинава очекуваме убави работи. Нудиме многу стипендии, бидејќи сме непрофитабилна образовна институција. Нашите стипендии се високи, дури 75% од целата сума што се плаќа за школувањето и сакаме да им излеземе во пресрет на што поголем број македонски студенти, да добијат образование кај нас.

Мариа Струмендо, Универзитет Католика, Милано, Италија

VLUU L100, M100 / Samsung L100, M100Универзитетот Католика нуди додипломски и постиполмски студии на англиски јазик. Нашата програма за 2014/2015 вклучува две додипломски студиски програми на англиски, економски студии и менаџмент. За оние студенти што сакаат да ги посетат тригодишните програми, имаме пет понуди од Мастер студии и тоа по банкарство и финансии, економија, менаџмент, земјоделие (земјоделска економија), интернационален менаџмент. Исто така, студентите можат да се запишат на едногодишна специјализација на Мастер програмите и тоа за интернационални односи со јавност, меѓународна соработка и развој, корпоративна комуникација и интернационален бизнис.

Многу од студентите прашуваат што е разликата меѓу тригодишните мастер студии и едногодишната специјализација на мастер програмите. Една од најголемите разлики се состои во тоа што оние студиетни што ќе се запишат на тригодишните мастер студии, откако ќе ги завршат можат да аплицираат за PHD диплома на било кој италијански универзитет или интернационален универзитет. Во едногодишните студии пак е вклучено стажирање во програмата, тутор работи директно со студентите, така што може да им посочи компанија каде би можеле да работат во иднина, согласно нивните афинитети.

Освен на англиски, студентите кај нас можат да учат и на италијански. Постои интерес кај студентите од Македонија, особено за програмата медицина на англиски јазик. Универзитетот Католика се состои од четири кампуси, во Милано, Бреша, Рим и Пјаченца Кремона.

Универзитетот Сингидунум од Србија и Средноисточниот Технички Универзитет МЕТУ од Турција оваа година за прв пат се претставија на манифестацијата Стипендии Експо 2013. Нивните први впечатоци се одлични и очекуваат интерес кај македонските студенти за студиските програми, како и соработка со колегите од Македонија и со компаниите.

Предраг Обрадовиќ, (маркетинг и ПР менаџер), Универзитет Сингидунум, Белград, Србија

VLUU L100, M100 / Samsung L100, M100Универзитет Сингидунум е најголем приватен универзитет во Србија, со над 10.000 студенти и девет факултети. Се одлучивме да дојдеме на овој саем за да им понудиме на студентите и средношколците основни и постдипломски студии на нашиот универзитет, по истите услови што ги имаат студентите во Србија.

Кога станува збор за школарината и условите за упис, студентите кои доаѓаат од поранешните југословенски простори ги третираме како домашни, иако тие доаѓаат со странски дипломи. На пример, доколку по првата година студентите покажат добри резултати, одличен просек, можат да бидат ослободени од плаќање на дел или цела школарина за втората, третата и четвртата година од студиите.

Кај нас Мастер студиите траат една, а основните траат четири години. Во февруари почнува шестата генерација докторски студии. Ние сме акредитирани за сите три нивоа на студии, основни, мастер и докторски студии на три полиња, општествено-хуманистички студии, технички и природни науки. Во тој дел имаме факултет за информатика, економски факултет со повеќе смерови, факултет за туризам и хотелиерство и технички факултет каде имаме електротехника и инженерство и менаџмент.

Веќе имаме студенти од Скопје, Битола, Охрид, Куманово, кои претходно слушнале за овој Универзитет од други извори. Многу се задоволни од понуденото и секако, квалитетни се како студенти. Соработуваме со приватниот факултет за туризам и менаџмент од Скопје и факултетот за туризам во Охрид, преку размена на професори и студенти.

Прв пат сме тука на овој саем каде официјално се претставуваме и било каква соработка ќе биде добредојдена. Се надеваме дека ќе запознаеме колеги и ќе договориме соработка која ќе трае.

Др. Мохамед Шикаква, (советник на претседателот), Средноисточен Технички Универзитет МЕТУ, Турција

VLUU L100, M100 / Samsung L100, M100Нашиот универзитет е водечки универзитет во Турција и е во топ 60 универзитети во светот. Моментално имаме само неколку студенти од Македонија, но се надеваме на што поголема бројка. Веруваме дека нашата добра репутација, стандарди на образование кое се одвива на англиски јазик ќе придонесат многу за тоа.

Инаку, Мету е првиот универзитет во Турција каде беа овозможени предавања на англиски јазик. Нашиот главен кампус се наоѓа во Анкара. Да се има диплома од Мету значи да се има виза при аплицирање за работа во било која турска компанија во светот. Ова ни е прва година во Македонија и сигурно нема да биде и последна. Неколкуте студенти од тука кои веќе студираат на нашиот универзитет се навистина квалитетни во секој поглед, а сега гледам и зошто, луѓето од тука се посветени и трудољубиви и навистина би сакале да имаме што повеќе студенти од Македонија.