СТО: Економско закрепнување е кревко и нерамномерно на сите континенти

7

Директорката на Светската трговска организација (СТО), Нгози Оконџо-Ивеила, смета дека глобалното економско закрепнување од пандемијата е присутно, но дека е кревко и нерамномерно на сите континенти.

“Северна Америка, Европа и поголемиот дел од Азија закрепнуваат побрзо од Африка, Латинска Америка и Блискиот исток, а една од причините што стои зад тоа е нееднаквата дистрибуција на вакцините, прашањето за политиката за вакцини“, вели Окоњо-Ивеила.

Таа потенцираше дека сè додека сите земји немаат еднаков пристап до вакцини, одржливо закрепнување нема да биде можно, бидејќи ниту една земја нема да биде безбедна од нови мутации на коронавирусот, дури и ако вакцинира 100% од популацијата.

Според неа, на состанокот на министрите за финансии на Г-20 во Венеција се разговарало и за прашањето за финансирање на потенцијалната следна пандемија, со предлог механизам за финансирање од 50 милијарди долари годишно, од кои 10 милијарди би биле поддршка на активности за подготовка и спречување појава на болести.

Фото: Pixabay