СТО и Светска банка: Да започнеме меѓународна соработка во услужниот сектор

74

Шефовите на Светската банка и Светската трговска организација (СТО) во заедничка изјава повикаа на посилна меѓународна соработка во услужниот сектор, што може да ја намали сиромаштијата во земјите во развој.

„Постои потреба од рестартирање на меѓународната соработка во услужниот сектор“, изјавија претседателот на Светска банка Аџеј Банга и генералниот директор на СТО Нгози Оконџо-Ивела, пренесува Ројтерс.

Правилата за трговија со услуги мора да бидат „транспарентни и предвидливи“, а трговските трошоци да се намалат, се нагласува во соопштението.