СТО ја подигна проценката за раст на светската трговска размена

72

Светската трговска организација (СТО) ја зголеми проценката за раст на светската трговска размена оваа година, предупредувајќи на ризиците што ги носи недоволното производство и дистрибуција на вакцини против коронавирусот.

Трговската размена оваа година би требало да порасне за 8% по падот од 5,3% во 2020 година. Во октомври лани, СТО прогнозираше дека трговската размена во 2021 година ќе порасне за 7,2%, по падот од 9,2% во 2020 година. За 2022-ра година прогнозираат раст од 4%.

Главен двигател на растот на трговија оваа година ќе биде Северна Америка, со проценет раст на увозот оваа година од 11,4%. Следат Европа и Јужна Америка со проценет раст на увозот од околу 8%.

Фото: Freepik