Сто највредни турски брендови – првиот вреди 1,6 милијарди долари

123

Меѓународната организација за проценка на брендови, Brand Finance, објави публикација посветена на Највредните брендови во Турција – Турција 100 за оваа година.

Според публикацијата, највреден бренд во Турција е националниот авиопревозник Turkish Airlines со вредност од 1,6 милијарди долари или 18,7% помалку одошто во 2020  година кога вредеше 1,9 милијарди долари.

На второ место е турскиот бренд за бела техника, Arcelik којшто се искачи од петтото место лани, благодарение на неговата вредност од 1,5 милијарди долари. Една година претходно овој бренд вредел 24,6% помалку или 1,2 милијарди долари.

На трето место се најде комерцијалната банка Turkiye Bankasi со вредност од 1,1 милијарда долари или 25,3% повеќе одошто во 2020 година кога вредеше 951 милион долари и беше на осмо место.

Meѓу 10-те највредни брендоив во Турција се најдоа и: финансиската компанија Garanti BBVA (1,1 милијарда долари), телекомуникациската компанија Turkcell (нешто над милијарда долари), банката Ziraat Bankasi (952 милиони долари), банката Akbank (917 милиони долари), финансиската компанија YapiKredi (836 милиони долари), телекомуникациската компанија Turk Telekom (789 милиони долари) и автомобилската компанија Ford Otosan (787 милиони долари).

Фото: Pixabay