Сто проценти од потрошената струја во септември годинава од домашно производство

98

Во државава во септември годинава вкупно се потрошeни 434.014 мегават часови електрична енергија, 31.945 милиони нормални кубни метри природен гас, 328.382 тони јаглен и 93.006 тони нафтени продукти.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, бруто домашното производство на електрична енергија во септември учествувало со 100 проценти во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 98,6 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.