СТО: Заздравувањето на глобалната трговија може да ослабне во втората половина од годината

27

Светската трговија со стоки оваа година силно закрепна, но забавувањето на нарачките за извоз сигнализира дека нејзиниот раст може да забави од средината на годината, објави во средата Светската трговска организација (СТО).

Глобалниот барометар за трговска стока се искачи на 110,4 поени, што е највисоко ниво откако СТО започна да објавува извештаи во јули 2016 година. Растот го одразува силниот раст на размената, но и длабокиот шок предизвикан од пандемијата на коронавирус минатата година, посочува СТО.

Сите компоненти на барометарот беа над трендот, а индексите за транспорт на контејнери и воздушен товар и трговија со суровини најмногу пораснаа. Индексот на трговија со автомобилски производи исто така се зголеми, и покрај намаленото производство и продажба во некои земји поради недостаток на полупроводници, што исто така се одрази со благ пад на трговијата со електронски компоненти.

Падот на индексот на нови нарачки за извоз сигнализира дека темпото на закрепнување најверојатно ќе забави, предупредува СТО.

Фото: Pixabay