Од јануари до октомври 2012, стоковната размена со земјите од странство изнесува 8.602.599.000 долари, при што вредноста на увозот е 5.310.721.000 илјади долари, а на извозот изнесува 3.291.878.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз е 62%, додека трговскиот дефицит изнесува 2.018.843.000 американски долари.
Државниот завод за статистика излезе со податоци за трговската размена по производи, кои покажуваат дека во извозот, најголемо учество имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, преработките од нафта, производите од железо и челик и облеката.
Статистичките податоци велат дека во увозот пак, најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, рудите на никел и нивните концентрати и електричната енергија.
Во истиот период, најголемо учество во извозот на стоки имале земјите членки на ЕУ, 62% и земјите од Западен Балкан 24,5%, додека во увозот најголемо учество е забележано повторно кај земјите-членки на ЕУ 59,3%, но и кај земјите во развој 21,8%.
Земено во предвид вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу разменува стоки со Германија, Грција, Србија, Бугарија и Италија.