Stolen Phone Checker, страница што открива дали мобилниот телефон е украден

45

phone

Фото: Pexels

Американската асоцијација за безжични технологии CTIA ја разви алатката Stolen Phone Checker, којашто преку истоимената веб страница ќе проверува дали е украден или изгубен телефонот што купувачот сака да го купи, пишува Verge.

Страницата работи со пребарување на единствените кодови IMEI, ESN или MEID, што се запишани на мобилните телефони на задната страна од телефонот или во менито.

Проверката на единствениот код пред да се купи нов телефон е многу важно, особено ако се купува преку интернет огласи. Страницата Stolen Phone Checker има голема листа на украдени или изгубени телефони. Најголем е бројот на украдени iPhone телефони.