Стоп за работници од Македонија: Германија ја исполни квотата

Работните дозволи за Германија се потрошени – што значи тоа за македонските работници?

Квотата за издавање работни дозволи за Германија за работниците од Западен Балкан за 2025 година е исполнета. Тоа значи дека до крајот на годината македонските работници нема да можат да одат на работа во Германија. Сите 50.000 работни дозволи, чиј број беше зголемен во јуни 2024, веќе се доделени на работниците од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија. Германската агенција за вработување упати јасно предупредување до работодавците: одбиените апликации за оваа година нема автоматски да се пренесат за следната. Според забрзаната процедура, работодавците прво добиваат претходно одобрение од Агенцијата за вработување, по што работниците од регионот, со веќе склучен договор, брзо ги добиваат потребните документи во конзуларните претставништва.

Според Зоран Кочовски, сопственик на Агенцијата за посредување при вработување „Коузон“, како што стојат работите во германската економија сè поизвесно е дека квотата на работници од Западен Балкан ќе биде преполовена.

– Програмата ќе биде ставена во мирување, бидејќи квотата за работници од Западен Балкан е исполнета. Секоја година од Македонија одеа од 5 до 7 илјади работници. Тие не издаваа толку работни дозволи за наши работници, но тоа беше таргет. Најчесто се бараа работници за дефицитарните професии – градежништво, медицинска грижа, возачи на камиони, како и други сервисни услуги. Програмата стартуваше во јуни 2024 година и имаше олеснување за добивање на визи за работниците од Западен Балкан кои одеа на работа во Германија. По новите правила, работниците пред да одат во Германија требаше да имаат работни дозволи. Но, лотаријата беше укината оваа година поради голем број на апликанти, изјави за „Локално“, Кочовски.
Целиот текст на Локално.мк