Стопанска банка а.д. Битола донираше новогодишни пакетчиња за најмалите од Битола

24

slika_donacija3-2

Во пресрет на новогодишните празници, членовите на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, Гордана Балтовска и Наташа Несторовска и оваа година подарија новогодишни пакетчиња на најмалите во основното училипте Ѓорги Сугарев и во Здружението за развој на ромската заедница – Сумнал, а покрај пакетчињата, во Домот за доенчиња во Битола беа донирани и бебешки производи, стои во соопштението.

Во основното училиште Ѓорги Сугарев, покрај учениците во редовна настава се школуваат и ученици со пречки во интелектуалниот развој, во посебни паралелки. Здружението Сумнал им помага на децата со слаб слух и со мала свесност за важноста на образованието преку различни образовни и општествени активности. Во Домот за доенчиња во Битола се згрижени повеќе од 60 деца од најмала возраст, до три години.

Целта на оваа донација на Стопанска банка а.д. Битола е во пресрет на новогодишните празници да сподели радосни моменти и ги развесели празничните денови на дечињата.

На овие, и на сите други деца во Македонија, Стопанска банка а.д. Битола им посакува среќни празници и  безгрижни и весели дни.