Стопанска банка АД Битола подари новогодишни пакетчиња

20

stopanska-banka-bitola-580x399

И оваа година по повод новогодишните празници, членови на Управиот одбор на Стопанска Банка а.д. Битола, подарија новогодишни пакетчиња на децата во Здружението за развој на ромската заедница Сумнал.

Новогодишни пакетчиња добиваат и дечињата О.У Ѓорги Сугарев и во Домот за деца без родители во Битола.

Во О.У Ѓорги Сугарев, покрај учениците од редовна настава, се школуваат и 35 ученици со пречки во интелектуалниот развој, во посебни паралелки од прво до деветто одделение.

Здружението Сумнал работи со ромската популација, организира и изведува образовни и општествени активности кои им помагаат на учениците со слаб успех во училиште и со мала свесност за важноста на образованието. Децата кои го посетуваат овој дневен центар во Битола, потекнуваат од социјално загрозени и дисфункционални семејства.

Стопанска Банка а.д Битола им посакува на овие и на сите деца во Македонија, среќни празници и безгрижно детство. Насмевката на најмилите е најважното нешто во животот.