Стопанска банка АД – Скопје ја наградува довербата на штедачите

59

Стопанска банка АД – Скопје продолжува да расте и да остварува позитивни резултати во 2013 година благодарение на соработката и довербата од своите клиенти правни и физички лица.

Покрај успешните резултати за првата половина од годината, Банката деновиве се приближува до вкупен износ од една милијарда евра депозити, што претставува дури 26% од вкупните депозити на граѓаните и компаниите во Македонија.

“Иако е само уште една бројка во низата остварувања на Банката, постигнувањето на 1 милијарда евра депозити за нас се особено драг и значаен резултат затоа што е одраз на довербата на нашите клиенти, на стабилноста на Банката, на континуираното системско работење, стручноста и посветеноста на нашите вработени, како и на нашата определба да воведуваме нови иновативни депозитни производи. На овој начин, Стопанска банка останува и понатаму најдоброто место за вашите пари”, изјави Диомидис Николетопулос генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка.

За одбележување на овој успех Банката за сите свои клиенти организира наградна игра во периодот од 20.08-20.09.2013 година. Со реализиран нето прилив на вкупните средства на клиентот (по основ на сите депозитни производи) во минимален износ од 3.000,00 денари (или други конвертибилни валути) клиентот остварува право на учество во извлекувањето на наградите:

  • Главна награда 300.000 денари и
  • 5 споредни награди по 60.000 денари.

Правилата на наградната игра во целост се достапни на веб страницата на Банката

http://stb.com.mk/ns_article-nagradna-igra-depoziti-2013.nspx.