Стопанска банка АД – Скопје воведе сервис ТOPSI Pay – брзи меѓусебни плаќања на пазарот

27

stopanska-banka-1

Стопанска банка АД – Скопје воведе новитет на македонскиот банкарски пазар – TOPSI Pay – брзи плаќања со контактите од телефонот или со пријателите од Facebook. TOPSI Pay произлегува како резултат на интеракцијата што Банката ја имаше со младите клиенти во изминатата година откако го промовираше topsi.mk – банка за млади.

Со разработката на механизмот за брзи меѓусебни плаќања помеѓу пријатели, без потреба од знаење на бројот на сметка, овозможуваме 24/7 интеракција на сметките во Банката, секако повторно со заштита на сигурноста на клиентите, односно OTP токен валидација на секое плаќање, стои на страната на Банката.

TOPSI Pay на клиентите им нуди во рамки на m-banking апликацијата да ги поврзат контактите од телефон, како и пријателите од Facebook и да вршат пренос на средства, да делат сметки и да бараат уплати. Со коментарите за секоја трансакција се овозможува и поголема прегледност, но и забава во користењето на услугата.

Сè што е потребно за да се користи TOPSI Pay е:

  • сметка во Стопанска банка
  • пристап до i-bank услугите (корисничко име и лозинка)

Активирање на TOPSI Pay сервисот се прави со внесување или потврда на телефонскиот броj од мобилниот уред, а дополнително, по желба и со Facebook профилот. По активацијата, најавата е иста како и за m-banking, со внес на i-bank корисничко име и лозинка, при што е овозможено креирање на ПИН кој ќе се користи понатаму за најава. Кај уредите кои тоа го овозможуваат, влез во TOPSI Pay, како и во m-banking, отсега е можен и со отпечаток од прст.

Основни елементи и функционалности на TOPSI Pay сервисот

Пријатели
Опцијата „Пријатели“ овозможува приказ на контактите од телефонскиот именик или пријатели на Facebook кои се клиенти на Стопанска банка и се регистрирани за користење на TOPSI Pay услугата. Со избор на пријател, може да се испрати барање за плаќање, да се плати на контактот или увид во историјата на трансфери помеѓу вас и одбраниот контакт.

Подели сметка
Опцијата „Подели сметка“ овозможува одреден трошок, на пример, платена сметка за вечера или кино да ја поделиш со пријателите. Сервисот ќе го подели вкупниот износ на сметката, по што брзо и едноставно ќе може да се испрати барање за плаќања до повеќе пријатели или може да се внесе износ кај секој пријател одделно за добивање на вкупниот износ што треба да се подели.

Барања
Опцијата „Барања“ овозможува преглед на сите барања за плаќања кои сте ги пратиле или примиле од вашите TOPSI Pay пријатели. Тековните барања кои се уште не се платени се маркирани со бела боја, додека пак сивата боја ги означува веќе извршените барања. Со избор на секое од барањата се добива детален приказ на испраќачот и примачот на барањето, износот кој треба да се префрли, датумот, како и причината за барањето.

Историја
„Историја“ овозможува преглед на сите успешни плаќања реализирани кон твоите пријатели, како и на сите примени плаќања кон тебе од твоите пријатели, преку TOPSI Pay сервисот. Со клик на секоја од трансакциите прикажани во „Историја“ добиваш детален преглед на сите информации за плаќањето.

Важни информации и напомени:

  • TOPSI Pay сервисот е достапен за СИТЕ клиенти кои имаат i-bank пристап и OTP токен за плаќања
  • TOPSI Pay сервисот е достапен 24/7
  • Средствата добиени преку TOPSI PAY се достапни веднаш на примарната трансакциска сметка на корисникот

Повеќе информации и насоки за користење на TOPSI Pay се достапни на овој линк.