Стопанска банка Битола добитник на награди од Global Banking & Finance и The Business Worldwide

2

stopanska-banka-bitola

Стопанска банка Битола, од страна на Global Banking & Finance, втора година по ред е избрана за Најдобра банка за работа со правни лица 2016 и за Најдобра банка за работа со физички лица 2016, а на Претседателот на Управниот Одбор, Владимир Ефтимоски, му е доделена наградата Најдобар главен извршен менаџер во банкарскиот сектор за 2016.

Дополнително, оваа година Претседателот на Управниот Одбор на Стопанска Банка Битола, Ефтимоски, од страна на меѓународниот финансиски магазин The Business Worldwide доби уште две престижни награди: Најдобар главен извршен менаџер во банкарскиот сектор во Македонија за 2016 и Најиновативен извршен директор за Македонија за 2016 година.

Global Banking & Finance и финансискиот магазин The Business Worldwide се едни од водечките светски извори на авторитативна анализа на меѓународниот финансиски и банкарски сектор. Се читаат во повеќе од 200 земји и претставуваат едни од главните извори на информации за клучните фактори на одлучување во финансиското работење. Својот углед го базираат на објективност, влијание, интегритет и точност во информирањето. Искусни економски новинари, ажурно и секојдневно пренесуваат вести од банкарскиот сектор, брокерските работи, фондови, менаџмент на богатство, корпоративно владеење, спојувања и преземања… сè под еден глобален чадор.

При одлучувањето за доделување на наградите на Претседателот на Управниот Одбор на Банката, Ефтимоски, жирито на финансискиот магазин The Business Worldwide, којшто има преку 62.000 читатели, се раководеше од повеќе критериуми, помеѓу кои: визија и инспирација; иновативност и креативност; успешност; стратегија за развој; лидерство; стил, посветеност и ангажираност; општествена одговорност и експертиза.

Наградите кои му беа доделени на Ефтимоски беа објавени и на портали и онлајн сервиси како Reuters, Marketwatch, Bloomberg terminals, Dow Jones, LexisNexis, Yahoo News!, CNBC и Forbes.

Овие награди се признание за Стопанска Банка Битола и за нејзиниот менаџер, за континуираните напори кои се вложуваат во насока на стабилно и профитабилно работење, како и развој на иновативни проекти и производи, како платежни картички со бесконтактно плаќање, модерно електронско банкарство, нова веб страна, Mobipay. Проекти и производи посветени кон потребите на нашите клиенти.

Наградите пак, кои ги доделува Global Banking & Finance, во меѓународните банкарски и финансиски кругови, претставуваат мерило за просперитет и релијабилност, важејќи за точен индикатор на водечките организации во светот. Со добивањето на престижните награди за 2016 година, втор пат по ред, од страна Global Banking & Finance, продолжува меѓународната верификација на успешната приказна на Стопанска Банка Битола.