Стопанска банка Битола нуди поволности за учесниците на Скопски Маратон 2018

28

web-baner-maraton-2018-640x327-01Стопанска банка а.д. Битола и оваа година ја ужива привилегијата да биде единствената банка којашто е дел од најмасовната спортска манифестација што се одржува на овие простори – Скопскиот Маратон, се вели во официјалното соопштение. Како спонзор и официјален партнер на Маратонот банката ја изразува својата поддршка кон спортската култура, здравиот начин на живот, а со тоа и кон настаните од овој тип на кои преку заедничка дружба и сплотеност се раздвижува духот на градот.

Стопанска банка а.д. Битола како најголем пријател на овој настан и поддршка на сите учесници, само за оние кои ќе учествуваат и ќе бидат дел од трките обезбедува Mastercard кредитна картичка со специјални услови – најниска каматна стапка од 5,99% (во првата година и 9,99% по првата година), 0 МКД чланарина за првата година, 0 МКД надомест за СМС известување во првата година и бесплатна Mastercard дебитна картичка.

Банката е дел и од 6-тата Женска трка која ќе се одржи на 1-ви април, а којашто е дел од промотивните трки на Скопскиот Маратон. Стопанска банка а.д. Битола како спонзор и поддржувач на трката ќе обезбеди подароци за учесничките.

Оваа година, Банката ќе биде дел и од најубавиот детскиот мини маратон и ќе ги бодри малите “големци’’ кои ќе ја освојуваат целта.