Стопанска банка Битола со добивка 40,2 милиони денари за девет месеци

17

stopanska-banka-bitola

Стопанска банка Битола, од први јануари до 30-ти септември оваа година, работеше со добивка од 40.271.000 денари, покажува деветмесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, банката прикажа добивка од 2.292.000 денари.

“За периодот 01.01 – 30.09.2017 година, Стопанска банка Битола оствари позитивен финансиски резултат, односно добивка во износ од 40,27 милиони денари, што претставува значително подобрување во однос на резултат остварен за истиот период од минатата година. Добивката главно е генерирана од повисоки приходи од тековно работење, наплата на отпишани побарувања евидентирани вонбилансно, издвоени помали загуби за оштетување на финансиските и нефинансиските средства“, стои во Образложението кон остварениот финансиски резултат.

Нето приходите од камата, заклучно со 30-ти септември оваа година, достигнаа ниво од 231.835.000 денари, додека нето приходите од провизии се позиционираа на 72.415.000 денари.