Стопанска банка Битола во првото полугодие оствари загуба од 21,23 милиони денари

17

stopanska banka bitola

Стопанска банка Битола првото полугодие од 2016-та го заврши со загуба од 21.235.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во првите шест месеци од минатата година, банката прикажа загуба од 13.253.000 денари.

“Во првото полугодие од 2016 година е остварен негативен финансиски резултат во износ од 21,23 милиони денари, главно како резултат на поголемата исправка на вредноста на финансиските средства и загубата од оштетување на нефинансиските средства, во согласност со одлуката за сметководствениот и регулаторен третман на средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања“, стои во Образложението кон остварениот финансиски резултат.

Нето приходите од курсни разлики на 30.06.2016 година, како што се наведува, изнесуваат 12,80 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување за 52,14%.