Стопанска банка Битола за три месеци евидентираше 10,3 милиони денари добивка

25

stopanska-banka-bitola-580x399

Стопанска банка Битола, од први јануари до 31-ви март оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 10.364.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првото тримесечје од 2016 година, банката работеше со загуба од 34.556.000 денари.

“Во овој период, Банката оствари позитивен финансиски резултат, односно добивка во износ од 10,36 милиони денари, што претставува значително подобрување во однос на остварувањето во првите три месеци од минатата година, кога финансискиот резултат беше негативен, односно загуба. Оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, исто така, бележи подобрување што се согледува преку финансискиот резултат пред исправка на вредност и загуба за оштетување, којшто е позитивен во износ од 23,60 милиони денари и речиси двојно поголем од минатогодишното остварување“, стои во Образложението кон остварениот финансиски резултат.

Нето приходите од камати, заклучно со 31-ви март оваа година, достигнаа 68.949.000 денари, додека нето приходите од провизии и надоместоци беа на ниво од 23.919.000 денари.