Стопанска банка добитник на Златната награда од Дојче банк

21

Nagrada_stb_2015

Стопанска банка АД Скопје ја доби Златната награда од Дојче банк, се вели во соопштението на банката.

“И оваа година Стопанска банка АД – Скопје, ја потврди својата професионалност и ефикасност во сферата на меѓународните плаќања за што доби признание од Дојче Банка преку Златната награда за Strraight Trough Processing (STP) Excellence Award за 2014 година“, стои во соопштението.

Оваа награда се доделува на банки кои имаат најголема ефикасност во меѓународните плаќања со што се овозможува и поголемо задоволство на клиентите. Стопанска банка АД – Скопје и понатаму останува посветена на своите клиенти, постојано подобрувајќи ја својата ефикасност, оперативност и иновативност.