Стопанска банка донира за семејствата на жртвите од поплавите

19

stopanska banka

Стопанска банка на законските наследници на починатите од поплавите што се случија на шести август им одобрува неповратна финансиска помош во износ од 1.500 евра по семејство, соопштуваат од банката.

“Во согласност со своите заложби да биде нераздвоен дел од заедницата, Стопанска банка е во комуникација со семејствата на починатите по поплавите во август 2016-та. Согласно интерна одлука, на законските наследници на починатите банката им одобрува неповратна финансиска помош во износ од 1.500 евра по семејство“, стои во соопштението.

Поради тешката достапност до контакт информации за семејства, од банката се надеваат дека и со посетите на терен средствата ќе бидат исплатени со сите семејства во најкус можен рок.

Контакт информации за процесот може да се добијат во контакт центарот на банката што работи 24/7 на телефонскиот број 3 100 109.