Стопанска банка ги намали каматните стапки на денарските кредити

24

stopanskaСогласно намалувањето на референтната стапка, Стопанска банка АД – Скопје направи соодветно намалување на каматните стапки на денарските кредити за население. Следејќи го ова намалување, Банката ги прилагоди и каматните стапки на денарските и депозитите во странска валута.

Дополнително, Стопанска банка АД – Скопје продолжува да нуди трајни поволности и попусти за клиентите корисници на пакетот Плата +, кои платата ја примаат на трансакциска сметка во Банката.

За сите информации за новите каматни стапки, клиентите може да се информираат во било која од филијалите на Банката, на веб страницата и преку 24 часа Контакт центарот (02) 3100 109.