Стопанска банка го отвори првиот i-bank store

80

2Во модерното окружување кое е во постојан подем и движење, каде личните потреби и очекувања се менуваат, и каде клиентите знаат повеќе, бараат повеќе и прават повеќе, Стопанска банка настојува да отвори нови можности преку понуда на финансиски производи и услуги кои соодветствуваат на овие промени, лесно достапни со помош на современи дистрибутивни канали, стои во соопштението на Банката.

Со отворањето на i-bank store, сите алтернативни иновативни банкарски услуги добиваат свој дом и простор каде ќе бидат во фокусот на вниманието и на Банката и на клиентите. Во i-bank store регионалното искуство и познавање на пазарот преку глобалните технолошки иновации се преточува во локална предност за нашите клиенти.

Паралелно со отворањето на i-bank store, Банката воведува уште неколку новитети кои значително ќе го подобрат искуството на клиентите при користење на банкарските услуги: унифицирана платформа со примена на OTP (one time password) токен за автентикација на налози за сите плаќања преку e-banking, m-banking и телефонско банкарство (достапно само за физички лица), потоа верзија од m-banking апликацијата изработена и активирана и за Windows mobile уреди. Стопанска банка е прва и единствена која во Македонија го воведе 3D Secure стандардот со кој Visa & MasterCard картичките издадени од банката од февруари 2014 ќе бидат овозможени за безбедни интернет плаќања насекаде во светот.

„Пораката која Стопанска банка ја испраќа до пазарот денеска, е дека продолжува да биде лидер, иноватор и најдинамична Банка која не само што ги разбира, туку и успева во рана фаза да ги открие потребите на клиентите со цел навремено да ги направи потребните инвестиции и промени во својот бизнис модел и постојано да биде чекор понапред во банкарскиот сектор“, изјави Диомидис Николетопулос, генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка.

Со своето прилагодено работно време, i-bank store ќе биде отворен за клиентите од 10 до 20 часот со цел да ги приближи, презентира и понуди пред се i-bank алтернативните канали e-banking, m-banking, телефонско и банкарство преку АТМ. Дополнително, просторот нуди место за релаксација, дружење и интеракција на сосема друго ниво со нашите сегашни и идни клиенти, но и простор за поголема синергија со окружувањето во кое Банката дејствува.

Со i-bank store официјално започнува и прославата на 70 годишнината на Банката која ќе биде одбележана со повеќе настани и промоции.

1