Стопанска банка го заврши проектот за надградба на информатичкиот систем

28

stopanska-banka

Стопанска банка АД Скопје успешно го заврши проектот за надградба на информатичкиот систем од R10 на најновата верзија R15 на TEMENOS Т24ТМ, како најнапреден банкарски систем, којшто е достапен денес од технички аспект, соопштуваат од банката.

“Најновата верзија на информатичкиот систем претставува комбинација од сеопфатна и флексибилна функционалност и приспособливост, со потенцијал да овозможи подобри и понапредни услуги за нашите клиенти и да го отвори патот кон воведување на нови дигитални решенија. Им се заблагодаруваме на тимот кој посветено работеше на успешно спроведување на надградбата во подолг период, на колегите кои беа вклучени во финалните фази на надградбата и проверката и секако на клиентите кои го прифатија нашето извинување за најавениот прекин со работа на ден 03.12. сабота“, стои во соопштението на банката.