Стопанска банка ќе исплаќа дивиденда на имателите на обични акции

26

stopanska-banka

Стопанска банка одобрува исплата на дивиденда за обични акции во вкупен бруто износ од 2.776.168.620 денари, стои во предлог одлуката објавена на Македонска берза.

Бруто дивидендата по акција изнесува 159 денари. Датум на евиденција, според којшто се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда, односно датум на пресек на акционерска книга е 29.12.2016 година.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 26-ти декември оваа година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 27-ми декември.

Исплатата на дивиденда ќе започне на 29-ти декември оваа година.