Стопанска банка прославува 70 години од своето постоење

18

stopanska3

Пред голем број на свои вработени, високи владини претставници, менаџери на македонски компании и медиуми, вчера во Метрополис арената на скопски саем, Стопанска банка АД – Скопје на спектакуларен начин го одбележа својот јубилеј, 70 години од своето постоење.

За време на настанот преку видео проекција беа презентирани дел од позначајните активности на банката реализирани во изминатите години, а беа презентирани и резултатите од проектот Подари насмевка со кој се собраа еден милион насмевки од граѓаните, а Стопанска банка донираше во Детските здравствени домови низ земјава. Прославата продолжи со спектакуларен едночасовен концерт на Македонската филхармонија  кои свиреа филмска музика, а посебен музички гостин беше и Калиопи. Прославата продолжи  со коктел и концерт на Калиопи до доцните часови.

“Традицијата, собраното искуство и знаење, но и изградената доверба, создадени во текот на 70-годишната историја, се причина повеќе Стопанка банка АД – Скопје денес да е перцепирана како сигурна, динамична, иновативна, банка препознатлива по своите современи банкарски производи и модерните филијали ориентирани кон потребите на своите клиенти. Пораката која Стопанска банка ја испраќа до пазарот денеска, е дека продолжува да биде лидер, иноватор и најдинамична Банка која не само што ги разбира туку и успева во рана фаза да ги открие потребите на клиентите со цел навремено да ги направи потребните инвестиции и промени во својот бизнис модел и постојано да биде чекор понапред во банкарскиот сектор“, изјави  генералниот извршен директор и претседател на Управен одбор, Диомидис Николетополус.

“Стопанска банка е пионер во лансирањето на многу иновативни финансиски производи и услуги. Сакам да ја искористам оваа можност и да им се заблагодарам на целиот менаџерски тим и на сите вработени во Банката, кои придонесоа за овие достигнувања во текот на сите овие години. Денес, можам со гордост да изјавам дека Стопанска банка е скапоцен дел од нашата групација, која е една од најголемите и најсилните финансиски групации во Грција, со значајно присуство во Југоисточна Европа, Турција и источниот Медитеран“, изјави Константинос Братос, председател на надзорен одбор на Стопанска банка.

“Стопанска банка е една од најдобрите банки во нашата групација, пример како луѓе од различни пазари, земји и култури можат успешно да соработуваат за бенефит на сите. Од денешна перспектива можеме да заклучиме дека одликата на НБГ да инвестира во стопанска банка беше вистинска стратегиска одлука. Континуирано инвестиравме во вработените, ИТ системот како и во зголемување на капиталот, за да Стопанска биде една од најдоверливите и препознатливи банкарски брендови во земјата. НБГ очекува да генерира вишок од приближно два билиони евра, според истражувањето на стрес тестот кој го реализира ЕБРД, така што сме оптимисти за иднината на нашата групација. Би се заблагодарил на вработените и менаџментот на Стопанска Банка, на нивните заложби и одличните резултати. Можам само да им ветам дека НБГ секогаш ќе биде на нивната страна“, изјави Маринос Стратопулос, генерален директор на сектор за меѓународни активности на НБГ.