Стопанска банка првиот квартал го заврши со добивка од 669,2 милиони денари

18

stopanska-banka

Стопанска банка во првиот квартал од оваа година прикажа добивка од 669.233.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првите три месеци од 2016 година, банката евидентираше добивка од 649.377.000 денари.

“Нето добивката на Стопанска банка изнесува 669.233.000 денари и истата е повисока за 3,06% во однос на истиот период од претходната година“, стои во Анализата на неревидираните финансиски извештаи на банката.

Нето приходите од камати изнесуваат 912.871.000 денари, што претставува зголемување за 3,95% во однос на истите во споредба со анализираниот период, при што приходите од камати забележаа пад од 0,79%, додека каматните расходи се пониски за 43.588.000 денари, односно 17,97%.

Нето приходите од провизии и надоместоци забележаа пораст од 3,82%, како резултат на нето провизиите од услугите во сферата на платниот промет, кредитните и картичните производи.