Стопанска банка: Сигурноста и стабилноста на депозитите останува на највисоко ниво

30

stopanska banka

Во контекст на последните случувања, Стопанска банка АД – Скопје уште еднаш би сакала да потврди дека како независно правно лице кое работи во рамките на законската регулатива на Република Македонија, целосно почитувајќи ги мерките на Народната банка на Република Македонија, продолжува со извршување на редовните банкарски активности, при што сигурноста и стабилноста на депозитите останува на највисоко ниво, се вели во соопштението на банката.

Високата капитална и ликвидноста позиција на Банката, која, како што се наведува, во досегашниот период е изградена како гарант на сигурноста и стабилноста на Банката, ќе биде зајакната со најавената одлука за зголемување на капиталот за дополнителни 35 милиони евра.

“Со тоа, Стопанска банка продолжува да биде еден од основните столбови на банкарскиот систем и економијата во земјата“, се вели подолу во соопштението на банката.