Стопанска банка со добивка од 1,2 милијарди денари во првото полугодие

32

stopanska-banka-580x322

Стопанска банка во првото полугодие оствари вкупна сеопфатна добивка од 1.216.340.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, банката прикажа добивка од 1.105.953.000 денари.

“За првите шест месеци од 2016 година, банката оствари добивка од 1,2 милијарди денари, што е за 10% повеќе во споредба со истиот период минатата година. Континуираната профитабилност е резултат на прилагодувањето на бизнис моделот којшто се фокусира на балансиран раст, рационализација на трошоците за финансирање, ефективно рационализирање на трошоците и управување со ризиците, што посебно влијаеше и на оперативната добивка, но и на одржување на нивото на нефункционални кредити под просекот на банкарскиот сектор, што дополнително придонесе за намалување на трошоците за резервации“, стои во анализата на неревидираниот биланс на успех.

Нето приходите од продажба во првите шест месеци од годинава достигнаа 1.762.105.000 денари, додека истиот период лани имаа вредност од 1.663.520.000 денари.