Стопанска банка со нова промотивна понуда за потрошувачки кредити

11

stopanska-bankaСтопанска банка денеска ја претстави новата промотивна понуда за корисниците на потрошувачки кредити, кои претставуваат најатрактивна категорија на кредити за населението и постојано се во фокусот на работењето на банката.

Промотивната понуда која почна од 15.03.2014, ќе важи за сите поднесени барања до 15.06.2014 година. За корисниците ќе обезбеди 6,5% гарантирана годишна каматна стапка за првата година и 100% попуст на административните трошоци, се вели во соопштението на банката.

По истекот на промотивниот период во примена ќе биде променливата годишна каматна стапка која за кредитите со девизна клаузула во моментов изнесува 8%.

Најголеми поволности користат клиентите кои платата ја примаат преку Стопанска банка изразени преку трајно намалени каматни стапки, но и скратена процедура и потребни документи.

Потрошувачкиот кредит е ненаменски и клиентите може да го користат за исполнување на сите свои желби.

Понудата на потрошувачки кредити расте и се прилагодува на потребите на сите наши клиенти – со атрактивни рокови на отплата до 10 години, износи до 10.000 евра без обезбедување, можност за користење на денарски или кредит со девизна клаузула, стои во соопштението на банката.