Стопанска банка со потрошувачки кредит без административни трошоци и гарантирана каматна стапка за првата година

18

stopanska-banka

Стопанска банка има промотивна понуда на потрошувачки кредити без административни трошоци и гарантирана каматна стапка за првата година во период од први февруари до 31-ви март оваа година.

“Потрошувачкиот кредит е еден од најчесто користените кредитни производи во Стопанска банка од повеќе причини – можноста да се добие за 30 минути од поднесување на барање, можноста да се поднесе барање преку телефон или online но и поради атрактивните услови кои се нудат. Во периодот од 01.02 до 31.03.2017 сите поднесени барања добиваат 100% попуст на административните трошоци, како и 6% фиксна каматна стапка за првата година, за клиенти приматели на плата/пензија во СБ или клиенти кои не се приматели на плата/пензија во банката, но имаат добра кредитна историја од минимум 36 месеци“, стои во соопштението.

На клиентите им порачуваат да посетат некоја од нивните филијали на консултации со кредитните референти, а во меѓувреме да изберат и износ на кредит во рамки на своите можности користејќи го калкулаторот за кредити на овој линк.