Стопанска Банка воведува надоместоци на девизни сметки на правни лица

39

Стопанска Банка АД – Скопје ги известува своите клиенти дека од 1 јули оваа година воведува надоместоци на девизни сметки на правни лица. Како што се наведува во соопштението од банката овие надоместоци се воведуваат паралелно за клиенти резиденти и неризеденти. 

Секој клиент резидент на Стопанска Банка АД – Скопје којшто е правно лице ќе плати 25 денари на месечно ниво за водење сметка, и по 500 денари доколку сака да ја затвори сметката, додека тарифите за нерзидентни клиенти се 5 евра на мсечно ниво по сметка и 20 евра за затворање на сметка.

Според новиот тарифник на банката, анализа на документи за идентификација на клиент нерезидент правно лице изнесува 25 евра, додека, пак, активирање на блокирана сметка на нерезидент правно лице е 10 евра.

Детален увид во актуелните надоместоци може да се добие во филијалите на Банката, контакт центарот на (02)3100-109 или на официјалната тарифа објавена на веб страницата.