StopKorona! – мобилна апликација за справување со Ковид-19

33

Владата ја разгледа и усвои информацијата за StopKorona! – мобилна апликација справување со Ковид-19 и го овласти Министерот за здравство Венко Филипче да го потпише Договорот за донација помеѓу Друштво за информатичка технологија Некстсенс ДОО како Давател на донацијата и Министерството за здравство на Република Северна Македонија како примател на донацијата.

Користењето на оваа мобилна апликација е на доброволна основа од страна на граѓаните, а деталите за апликацијата ќе бидат презентирани на прес конференција од страна на министерот за здравство и министерот за информатичко општество и администрација.

На денешната седница е донесена и Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита на населението од заразни болести за време на вонредна состојба, согласно којашто заради спречување на појавата, рано откривање, спречување на ширењето и сузбивање на коронавирусот Ковид-19 и поефикасно утврдување дали одредено лице било или се сомнева дека било во непосреден контакт со лице заболено или инфицирано со коронавирус Кповид-19, како и за навремено информирање на одредено лице дека било во непосреден контакт со лице заболено или инфицирано со коронавирус Ковид-19 и негов навремен медицински третман, Министерството за здравство како мерка може да примени и најнови технолошки достигнувања (интернет платформи, паметни апликации, електронски услуги и слично), при што во однос на обработката на личните податоци се применуваат прописите од областа на заштита на личните податоци, како и соодветни технички и организациски мерки за да се обезбеди ниво на безбедност на личните податоци соодветно на ризикот.

Фото: Pixabay