Странци инвестирале седум милијарди долари во ресторани во Турција

25

restoran turcija

Странските инвестиции достигнаа ниво од седум милијарди долари во угостителскиот сектор во Турција, поточно во рестораните, во последните седум години, пишува Хуријет.

“Околу 70% од овие инвестиции се направени во Истанбул, каде што постојат повеќе од 60 странски брендови на ресторани“, вели Али Татлигил, претседател на Асоцијацијата на ресторани на Турција.

Истанбул е во групата на 20 топ градови во светот како најголеми домаќини на голем број глобални кујни.

Секторот на храна и пијалоци во Турција моментално расте три пати побрзо од економијата на земјата, а се очекува да достигне вредност од 10 милијарди долари.