Странски експерти ја посетија Чеза Комерц

647

ceza-komerc-2Во рамки на проектот за странски експерти во домашни компании, Јуриен Лози, координатор-експерт од Програмата за испраќање еминентни експерти (ПУМ) од областа на пекарството од Холандија, ја посети компанијата Чеза Комерц во Скопје.
Како координатор на повеќе од 100 експерти во пекарството од ПУМ, Лози за една недела ќе посети четири компании во Македонија, ќе ја скенира состојбата и врз основа на тие информации, од неговата организации ќе можат да испратат експерти кои ќе им помогнат на компаниите во развивањето на нивните бизниси.
“Целта на мојата посета е да ја скенирам состојбата во Македонија и да посетам неколку компании тука за да видам каква помош им е потребна. Извозот во многу случаи е главното прашање, но треба да се види и како компаниите да го развијат и зголемат извозот како на локалниот, така и на странскиот пазар”, рече Лози.
Роберто Павлов, косопственик на компанијата Чеза Комерц, изрази надеж дека ќе имаат експерти кои ќе им овозможат да добијат нови знаења, нова технологија, а со тоа можност да се влезе во нов инвестициски циклус кој ќе донесе нови резултати, раст и извоз. Во моментот Чеза Комерц има 68 вработени, а се планира, подвлече, зголемувуање на нивниот број.
“Заинтересирани сме за сегментот за производство на пекарски производи, голем сектор кој има многу подгранки. Во моментот компанијата се занимава со производство на пакувачки производи, готови производи од програмата на зрнести производи и семенски материјали. Сакаме да го заокружиме производството од групата на т.н. снекс производи и од групата на тие пекарски производи”, изјави Павлов, истакнувајќи дека дел од суровините во компанијата се од македонско производство и тој тренд, потенцира, ќе го задржат.

Повеќе за компанијата Чеза Комерц на следниот линк.